Детска стоматологија
Во Чипидент примаме пациенти од најмала возраст - и се трудиме одењето на забар за децата да биде позитивно искуство.
Грижа за детските заби
За најмалите ги пломбираме забите во сите бои - така пломбата станува забавна, а не страшна.
Детските заби ги лекуваме и бесплатно ги премачкуваме со флуор за да не дојде до расипување.
Превентива кај децата
Изведуваме залевање на фисури - браздите на џвакалните површини на забите се затвораат со заштитен материјал пред да се појави кариес.
Егзогената флуор профилакса ја зајакнува глеѓта и ги прави забите поотпорни на кариес.
Залевањето на фисури кај деца, егзогената флуор профилакса и контролните прегледи се дел од услугите од Фондот за здравствено осигурување.
Често поставувани прашања
Од која возраст детето треба да оди на стоматолог?
Најдобро е првата посета да биде рано, штом ќе излезат првите запчиња - така детето се навикнува на ординацијата без страв.
Дали млечните заби треба да се лекуваат?
Да. Расипаниот млечен заб може да предизвика болка и да го оштети трајниот заб што расте под него.
Што е залевање на фисури?
Постапка при која браздите (фисурите) на џвакалните површини се затвораат со заштитен материјал - храната и бактериите не можат да се задржат во нив, па кариесот многу потешко се развива.
Закажете преглед
Јавете ни се - Ве очекуваме во Виница и во Македонска Каменица.
РАБОТНО ВРЕМЕ
Од понеделник до петок: од 08:00 до 13:00 часот & од 16:00 до 19:00 часот