Вадење на заби (екстракција)
Екстракцијата е постапка со која забот се вади од забната чашка - кога не може да се спаси со лекување.
Кога се вади заб
Вадењето е секогаш последна опција - кога е можно, прво се обидуваме да го излекуваме и зачуваме забот. Екстракција е потребна кај длабоко расипани или скршени заби кои не можат да се обноват.
Вадењето на заби е дел од услугите кои ги нудиме и преку Фондот за здравствено осигурување.
Што по вадењето
По интервенцијата добивате совети како да го негувате местото за брзо и мирно заздравување.
Извадениот заб подоцна може да се надомести со коронка, мост или протеза - повеќе за тоа на страницата за протетика.
Често поставувани прашања
Дали вадењето на заб боли?
Самата интервенција се изведува безболно. Нашето мото е „Модерна стоматологија - безболен третман“.
Дали мора да се извади заб што ме боли?
Не секогаш. Многу заби можат да се спасат со лекување (ендодонција). Одлуката се носи по преглед.
Со што може да се надомести изваден заб?
Со коронка на мост или со протеза, во зависност од состојбата. Во Чипидент изработуваме метални и безметални коронки и мостови, како и сите видови протези.
Закажете преглед
Јавете ни се - Ве очекуваме во Виница и во Македонска Каменица.
РАБОТНО ВРЕМЕ
Од понеделник до петок: од 08:00 до 13:00 часот & од 16:00 до 19:00 часот