Стоматолошки услуги
Во Чипидент ќе најдете комплетна стоматолошка грижа за целото семејство - од превентивни прегледи и пломбирање до протетика, белење и хијалуронски филери.
Дел од услугите се достапни и преку Фондот за здравствено осигурување - од 2005 година работиме како матични стоматолози во Виница и во Македонска Каменица.
Превентивни прегледи
Бесплатни комплетни прегледи, совети за орална хигиена и навремено откривање на проблемите.
Пломбирање на заби
Нанокомпозитни пломби од последна генерација кои наликуваат на природен заб.
Лекување на заби (ендодонција)
Ендодонтски третман со ендомотор и апекс локатор - забот се спасува наместо да се вади.
Вадење на заби
Безболна екстракција на заби кои не можат да се спасат со лекување.
Чистење на забен камен
Безболно отстранување на забен камен и наслаги со ултразвук, пескарење и полирање.
Белење на заби
Професионално белење во ординација, белење со резултати за 3-7 дена и домашно белење.
Ламинати
Тенки обвивки за ротирани и обоени заби - побел и посветол изглед.
Протетика
Метални и безметални коронки, мостови и сите видови протези.
Пародонтологија
Лекување на непцата и потпорниот апарат на забите - безболен метод.
Детска стоматологија
Пломби во сите бои, бесплатен флуор и залевање на фисури - грижа за најмалите.
Орална хирургија
Третман на тврдите и меките ткива на усната шуплина кои не се решаваат конзервативно.
Хијалуронски филери
Подмладување на лицето, отстранување на брчките и оформување на усните.
Наши ординации
Закажете преглед
Јавете ни се - Ве очекуваме во Виница и во Македонска Каменица.
РАБОТНО ВРЕМЕ
Од понеделник до петок: од 08:00 до 13:00 часот & од 16:00 до 19:00 часот