Протетика - коронки, мостови и протези
Со протетиката ги надоместуваме оштетените и извадените заби - за нормално џвакање, говор и убава насмевка.
Коронки и мостови
Поставуваме метални и безметални коронки и мостови за оштетени и извадени заби, со цел да ги надоместиме и да им ја вратиме самодовербата на пациентите.
Безметалните коронки даваат особено природен изглед, па се чест избор за предните заби.
Протези
Кај повозрасните пациенти кои делумно или целосно ги изгубиле забите, ги надоместуваме со протези со кои се одржуваат функционалноста и естетиката.
Нудиме Wissil метални протези за парцијална и тотална безабост и секаков вид на акрилатни протези.
Често поставувани прашања
Метална или безметална коронка?
Безметалните коронки се естетски најприродни и затоа често се избор за предните заби, а металните се докажано издржливи. На преглед ќе Ви препорачаме што е најдобро за Вашиот случај.
Кога се прави мост, а кога протеза?
Мостот надоместува еден или неколку заби и се потпира на соседните заби. Протезата се користи при поголема или целосна безабост - парцијална или тотална.
Како се одржува протезата?
Со секојдневно чистење и редовни контроли во ординацијата, за протезата да остане удобна и функционална.
Закажете преглед
Јавете ни се - Ве очекуваме во Виница и во Македонска Каменица.
РАБОТНО ВРЕМЕ
Од понеделник до петок: од 08:00 до 13:00 часот & од 16:00 до 19:00 часот